Антицелулитна диета

Продукти кои се препорачуваат:

• Зеленчук (најдобро свеж или варен)
• Овошје (свежо или овошни сокови)
• Салати (зачинети со чисто растително масло и оцет или лимонов сок)
• Сокови од зеленчук (свежи)
• Јајца (варени или пржени на растително масло)
• Јогурт (може и со додатно овошје или мусли)
• Млеко (обезмастено)
• Месо, риба, животинско месо (варено или печено без маснотии и кожа)
• 8 - 10 чаши вода дневно (1,5 - 2 литра)
• Сушен пивски квасец (две лажички во овошен сок 15 минути по јадењето)

Пример за неделно мени:

• Појадок: јогурт или кисело млеко, кравјо сирење, црн леб
• Ужина: овошје или овешен сок
• Ручек: зелје и компир салата со печена риба, црн леб
• Ужина: Овошје или овошен сок
• Вечера: варен зеленчук, месо, салата, црн леб

• Појадок: млеко, мусли
• Ужина: сладолед
• Ручек: зелка со месо, цвекло, црн леб
• Ужина: бело кафе
• Вечера: варен зеленчук, месо, салата, црн леб

• Појадок: сок од моркови, црн леб
• Ужина: семки од сончоглед
• Ручек: карфиол, пилешко месо, салата, црн леб
• Ужина: овошје или овошен сок
• Вечера: јогурт, кравјо сирење, салата, црн леб

• Појадок: млеко, мусли
• Ужина: крофна
• Ручек: говедска супа, морков и компири варени, салата, црн леб
• Ужина: сок од зеленчук
• Вечера: црн леб, маргарин, џем, чај

• Појадок: млеко, маргарин, џем, црн леб
• Ужина: овошје
• Ручек: грашок, салата, црн леб
• Ужина: сок од овошје или зеленчук
• Вечера: варен зеленчук, риба, салата, црн леб

• Појадок: сок од овошје или зеленчук, печено лебче, кравјо сирење
• Ужина: овошна салата
• Ручек: шницли од соја, спанаќ со компири, салата, црн леб
• Ужина: палачинка
• Вечера: варен зеленчук, месо, салата, црн леб

• Појадок: млеко, сирење, црн леб
• Ужина: салата од домати или сок од домати
• Ручек: џигер, пире, салата
• Ужина: палачинка
• Вечера: варен зеленчук, месо, салата, црн леб

Совети:

• никогаш не јадете брзо;
• јадете секогаш во исто време, така желудникот најдобро функционира;
• можете сами да правите дневни или неделни менија, се разбира со продукти кои се препорачуваат во оваа диета;
• масирање на местата со целулит;
• вежбање;
• пливање;
• прошетка во природа

Избегнувајте: колбаси, салами, грицки, месо во пресол, масни и солени сирења, пржена храна, газирани пијалоци, павлака, виршли, готови супи, зачини и зачинети јадења, многу кафе.

Напомена:

Пред користење на било каква диета, најдобро е да се консултирате со Вашиот лекар.

(Извор: Најадисе.плус24.мк)