Цитронска диета

Ефективно и лесно

Цитронските овошја се познати по тоа дека ги топат масните наслаги и диетата базирана на нив, ни ветува намалување на околу 3 килограми за 5 дена.

Секојдневно мени:

• Секое утро по будењето се пие сок од 1 лимон разреден со 150 мл. минерална вода.


Ручек:
• 1 варено јајце, со сос од 1 чаша кисело млеко и половина краставица ситно исечкана, магдонос и црн пипер.

Вечера:
• 60 гр. макарони, гарнирани со сос од печурки и 200 гр. динстано месо во зеленчук, со соја сос и црн пипер.

Ручек:
• 300 г морков динстан во зеленчук, зачинети со 2 лажици сок од лимон, 1 кафена лажичка масло, 1 глава лук ситно исечкана и соја сос, заедно со 60 гр. варен ориз.

Вечера:
• салата од зелка, пилешка шунка, заедно со малку мајонез, сок од лимон и црн пипер. За десерт - 1 портокал.

Ручек:
• 120 г свинско филе, запечено на скара или во тефлонска тава, заедно со сок од лимон, црн пипер и сол. Се гарнира заедно со 150 гр. компири и варен зеленчук.

Вечера:
• 100 г компири и 1 глава кромид, динстани во 2 лажици масло. Во истато масло се динста и 300 г пилешко филе без кожата. Кога ќе омекне, зеленчукот се враќа и се зачинува со 1 една лажица сок од лимон, црн пипер, магдонос и сол.

Ручек:
• 1 голем компир, сварен или запечен, се сече на половина и одозгора се сипува со 1 лажица кисело млеко, црн пипер и ситно исечкан лук и копар. Порцијата се дополнува со 2 парчиња праз, кои се замотани со 2 парчиња пушено рибно филе.

Вечера:
• салата од 1 марула, 60 гр. сирење и 100 гр. риба. Салатата се зачинува со 1 лажичка маслиново масло и 1 лажичка сок од лимон, 1 кришка препечен леб, а потоа натопен со сурутка.

Ручек:
• 40 гр макарони, гарнирани со сос од 100 г задушено свинско филе, 2 лажички млеко, 1 лажичка сок од лимон, црн пипер и босилек.

Вечера:
• салата од 150 г варени компири, 5-6 црни маслинки, 1 главица кромид, зачинета со 1 лажичка сок од лимон, 1 лажичка маслиново масло, црн пипер и сол, 1 кришка пченкарен леб.

Појадок:

• 1 кришка пченкарен леб намачкан со сурутка,
• 1 чаша сок од цитронски овошја по избор,
• 1 чаша кисело млеко со мусли и сок од половина лимон.

Попладневна ужина:

• 1 чаша јогурт со сок од половина лимон.

(Извор: Деметра.ком.мк)