Диета за брзо зголемување на телесната тежина

Доколку сакате за брзо време да ја зголемите Вашата телесна тежина, тогаш еве неколку совети до кои треба да се придржувате.

Медицинска диета

Медицинската диета е нискокалорична диета која стекна голема популарност поради тоа што ветува брзо слабеење за релативно краток период...

15 дневна диета (од болница-Кардиологија-Жан Митрев)

Специјална диета создадена од доктор Жан Митрев

Антицелулитна диета

Ослабнете со антицелулитната диета...

Медитеранска диета

Една од најпопуларните диети во светот меѓу придржувачите на здрав начин на живот е т.н. Медитеранска диета. Многогодишните истражување меѓу жителите на Медитеранот, покажуваат дека тие живеат подолго од останатите Европјани и поретко боледуваат од кардиоваскуларни болести и дијабетес…

Цитронска диета

Цитрoнските овошја се познати по тоа дека ги топат масните наслаги и диетата базирана на нив, ни ветува намалување на околу 3 килограми за 5 дена...

Топ 10 совети за слабеење

10. Не пропуштајте ги оброците: појадок, ручек, вечера и два меѓуоброци.
Од сите овие најважен оброк е појадокот, ако нема појадок, не може да се очекува соборување на килограмите.

9. Ручекот секогаш послужете го на помала чинија.
Кога имате голема чинија пред вас, имате чувство дека на неа има малку храна. Затоа земете помала чинија, наполнете ја со храна и ќе бидете среќни и задоволни.

8. Бројте ги калориите, но бидете умерени.
Еден грам маст има 9 калории, а јаглехидратите и протеините двојно помалку. Ако земете една лажичка полумасен крем е исто како да сте зеле цела чинија житарици.

7. Мојот метаболизам (не) е преспор
Генетиката може да биде виновна за дебелината, но за преку умерена тежина во главно човек сам си е виновен.

6. Намирниците од протеинско потекло подолго време не држат сити.

Затоа, гледајте да прочитате колкаво е протеинското ниво на намирниците што ги јадете, па потоа изберете ги оние со највисок процент на протеини.

5. Не избегнувајте ја супата, посебно онаа со месо.

Ако не сте некој голем обожавател на супата, подобро е да почнете да бидете. Супата со месо е одлична за диети.

4. Ограничете го внесувањето на слатки работи и грицки.

Секогаш кога ќе ја испружите раката кон чинијата со слатки и грицки, сетете се дека е пролет и повлечете ја.

3. Млечните производи со високо ниво на млечна маса заменете ги со оние кои имаат помал процент на масти.
Овде постои избор за заменски напитоци, како млеко од соја, напиток од соја и пудинг од соја.

2. Вежбањето е задолжително
Во текот на ноќта губиме калории, но тоа не значи дека ако многу спиеме трошиме и многу калории.

1. Движете се!
Од внесените калории одземете ги согорените и резултатот е пред вас.