Ф.И.Т.Т. златни правила во фитнесот

Мислете на ФИТТ принципот како на листа со правила кои мораат да бидат исполнети со цел да добиете напредок при вежбање на која било форма на фитнес тренинг.

Најдобрите стомачни вежби - P90x

Еден од најинтересните и доста квалитетен систем за тренирање на стомачните мускули е токму овој комлекс на вежби за стомачните мускули кој е познат како “P90X Ab Ripper X”. Овој тренинг трае 20 минути и содржи 11 вежби кои ќе се погрижат за вашите стомачни мускули.

Видео: CrossFit – фитнес програма на денешницата

Крос Фит вежби за согорување на мастите комбинирајќи сила, кардио и стомачни вежби од Jullian Michaels врвен фитнес тренер...

Видео: Фитнес вежби за отстранување на целулитот

Целулитот се појавува на бутовите и на задникот кога прекумерните масти излегуваат од фиброзното марамче. Сите жени со било каква градба и раст се подложни на целулит. Најдобриот начин за да се изгуби целулитот е ист како и начините да се изгубат маснотиите секаде низ телото – диета и вежбање.

Видео: 8 Minute Abs - Вежби за целото тело

Без разлика дали сте чест посетител на фитнес центарот или вежбате дома сами, овие вежби (за кои не ви треба додатна опрема) треба да бидат дел од вашата секојдневна рутина. Погледнете ги и научете ги како да ги изведувате. Ќе се изненадите колку функционираат!

Видео: Одличен тренинг за телото - вежби за затегнување

Доколу сакате вашето тело да има топ форма, ние ви предлагаме да ги примените овие вежби кои ќе го затегнат вашиот задник, стомак, бутовите…

Видео: Јога вежби за слабеење

Погледнете го ова видео со јога вежби кои се наменети за полесно слабеење. Потребни ви се само волја и енергија кои ќе ви помогнат во промената на вашето тело.

Видео: Кикбокс и кардио вежби за губење на телесна тежина

Ви претставуваме тренинг со кикбокс кардио и стомачни вежби. Најважно е дека нема да морате да се прошетате до фитнес салата затоа што овие вежби можат да се прават и дома, а се што ви е потребно е само добра волја и 10 минути од вашето време.

12 корисни совети за слабеење наместо диета


Во случај и вие да се обидувате да се одржите во форма, прочитајте ги овие совети кои ветуваат дека се одлични за топење на мастите:

1. Барем 5 до 10 минути пред да јадете, испијте чаша вода или некој друг здрав пијалак. Ќе го наполните желудникот и ќе јадете помалку.

2. Ако веќе јадете леб и други јаглехидрати, трудете се тоа да биде комбинација од интегрални житарки.

3. Заменете ги сите газирани сокови и слатки сокови со вода. Ако ви е потребен вкус, додадете неколку капки лимон.

4. Појадокот е најважниот оброк во денот! Избалансиран појадок треба да содржи протеини, малку овошје и овесна каша која би го поттикнала вашиот метаболизам. Оваа комбинација го стабилизира нивото на шеќер во крвта и спречува прејадување во текот на денот.

5. Имате навика постојано да ставите нешто во уста? Обидете се со мастика. Повеќето немаат повеќе од 10 калории, но не претерувајте и внимавајте на забите.

6. Оброците кои се висококалорични, но во кои навистина уживате, дозволете си ги само еднаш неделно. Но, не претерувајте и во таа мерка.

7. Наместо чипсови, грицкајте живи бадеми или семки од тиква кои се полни со протеини и неопходни масти.

8. Обидете се да избегнувате млеко, полно е со нездрави хормони.

9. Почесто гответе дома. Не само што ќе ви биде мерак да си го изедете она што сте го подготвиле, во процесот на готвење ќе забележите колку се калорични состојките и колку треба да изедете, а да не е премногу.

10. Избегнувајте пржена храна, а ако не можете да се воздржите, користете кокосово масло.

11. Вежбањето треба да е дел од вашето секојдневие. Пешачете, трчајте, планинарете – секоја активност се брои!

12. Не го гледајте губењето килограми само преку вагата. Најдете уште некој начин за да го следите својот напредок и не дозволувајте да ве обесхрабри фактот што тежината постојано ви варира. Сликајте се пред и потоа или правете споредба во однос на облеката која ја поседувате.