Храна што организмот го прави изразено „базен“

Морските алги, целерот, урмите, грозјето, смоквите, најголем дел од билните чаеви, диња и лубеница, пиперката и магдоносот се изразено базна храна. Веројатно не сте знаеле дека во оваа категорија на изразено базна храна спаѓа и лимонот.




Храна што го прави организмот умерено „кисел“

Интегрални житарки и интегрални тестенини, печива од интегрално брашно, суви мешунки (освен соја), јаткасто овошје (освен бадеми), басмати ориз, млеко од ориз, ‘рж, овес, леб од пченично брашно со органски никулци, излупен компир, сирења, риба, млеко (хомогенизирано), козјо млеко (хомогенизирано), кечап, меласа (органска, без сулфур). боровинки, сливи, јаворов сируп (непреработен), сенф, пуканки (посолени и со путер), суви сливи и чај…

Храна што го прави организмот изразено кисел

Бел леб, печива и колачи од бело брашно, рафинирани житарки, кикиритки, чоколадо, кафе, алкохол, газирани безалкохолни пијалаци, засладени овошни сокови, вештачки засладувачи, јагнешно, јунешко, пилешко, риба, брусница, суви сливи, засладен јогурт, сладолед, џемови, преработен јаворов сируп, морски плодови, шеќер, рафинирана или јодирана сол, црн чај, ореви, вински оцет… Забележавте дека оваа табела на прв поглед изгледа чудна. На пример, како може лимонот, кој самиот е изразено кисел, да прави организмот да биде „базен“? Во процесот на варење на храната лимонот се разложува на базни состојки и со тоа изразено ја зголемува базноста на организмот. Лубеницата исто така создава базна реакција. Па така, не е чудно што народната медицина ги смета и лимонот и лубеницата за храна со одличен детоксификациски ефект. Овие две, освен што го чистат организмот, и ја неутрализираат и прекумерната киселост, која е познат предизвикувач на многу здравствени проблеми, како што е и создавањето камења во бубрегот.

(Извор: Телеграф.мк)