Трите најзначајни меѓународни организации - ФАО (организација за исхрана и земјоделство), УНЕП (програма за заштита на животнаата средина) и СЗО (светската здравствена организација) заедно обрнале внимание на зголемената осетливост на децата на пестициди, како и на нивна неопходна заштита од хемикалии.

На кој начин агрохемикалиите го загрозуваат нашето здравје?

Многу научни истражувања се насочени кон откривање на механизмот на делување на бионеразградливите аргохемикалии кој е неспорен:

Го успоруваат метаболизмот (може да дојде до задебелување и појава на целулит);
Ги уништуваат клетките на панкреасот (може да дојде до појава на дијабет тип 2);
Ги уништуваат невротрансмисивните и мозочните клетки (може да предизвика слабеење на концентрацијата и помнењето);
Ја намалуваат содржината на минералите и витамините (посебно на витамините А, Ц и Б, што доведува до нервоза, депресија, дури и агресија);
Ја пореметуваат кисело-базната рамнотежа (киселата средина е погодна за развој на цисти, миоми, канцери и остеопороза); Ослободуваат слободни радикали (меѓу другото предизвикуваат предвремено стареење); Ја намалуваат плодноста (последиците можат да бидат стерилитет, импотенција и спонтан абортус кај жените);
Го менуваат генетскиот материјал (може да предизвикаат дегенеративни заболувања);
Предизвикуваат алергии и воспалителни процеси.

На организмот му е потребна здрава исхрана

Сведете го на минимум внесот на животински масти, црвено месо и полномасни млечни производи, затоа што во нив се акумулираат бионеразградливите хемикалии.
Покрај овошјето и зеленчукот во исхраната внесете јаткасти плодови и интегрални житарици од органско потекло затоа што ги врзуваат отровите, со што го чистат организмот.
Бирајте сезонско овошје и зеленчук за да го избегнете внесувањето на хемикалии кои се употребуваат за успорување или забрзување на зреењето, зачувување на бојата и продолжување на рокот на траење на увезените производи.
Избегнувајте внес на масна храна и месни производи кои содржат адитиви во вид на нитрати и нитрити.
Избегнувајте увозни намирници во исхраната како што се кафе, какао, шеќер и јужно овошје затоа што земјоделците во Еквадор, Мексико, Гватемала, Костарика и Индија користат уште поголеми концентрации од пестициди отколку што се дозволени кај нас.
За успешно „измивање“ на токсините од организмот пијте најмалку 2 литра обична или негазирана минерална вода дневно.
Два пати годишно направете детоксикација на организмот и ослободете се од токсините кој понекогаш може да достигнат и тежина од 10 кг.

(Извор: Доктори.мк)