Не се залажувајте, вежбање не е исто со слабеење. Но, немојте ова да го искористите како оправдување за целиот викенд да го минете опуштено во фотељата пред телевизор или наместо да се качувате по скали да го користите лифтот.

Имајте на ум дека телесната активност помага во одржување на здравото ниво на холестеролот, го регулира крвниот притисок, ги одржува мускулите во форма, а поволно делува и врз работата на мозокот. Но, она што треба да го отфрлите како идеја е дека спортот или било каква физичка активност е најдобар начин за брзо губење на килограмите. Во Америка е издадена книга на оваа тема "Добри калории, лоши калории" (Good Calories, bad calories), од авторот Гери Таубс (Gary Taubes) кој неколку години собирал податоци разговарајќи со повеќе од 600 специјалисти по нутриционизам и метаболизам. Во книгата се побиени многу уверувања поврзани со килограмите, диетите и калориите.

Зошто сме се подебели?

Помалку сон, повеќе килограми. Недоволен сон (помалку од 7 часа) доведува до промени на нивото на хормоните и повеќе потреба за храна. Колку помалку спиете толку повеќе се дебелеете.

Дебели и загадени. Хемиски соединенија, пестициди, пластика и.т.н. лошо влијаат врз ендокрините жлезди и доведуваат до таложење на килограми.

Топло-ладно. Кога температурата на просторијата во која се наоѓаме е во т.н. неутрална зона, немаме потреба за трошење енергија за кревање или спуштање на телесната температура.

"Калорични" лекови. Многу лекови можe (ама и не мора) да доведат до зголемување на тежината - антидепресиви, бета блокатори, антихистаминици, контрацептиви...

Раса и пол. Афро-Американците на средни години и латино-Американците се склони на прекумерна тежина. Кај Мексиканките процентот на гојазност изнесува 30%, а 50% од црнкините од целиот свет се борат со прекумерната тежина.

Дебела мајка. Дебелината и дијабетесот на мајката во текот на бременоста и доењето ја зголемуваат можноста и детето да има проблеми со тежината во покасните години.

Новороденче на вага. Деца родени со поголема родилна тежина од просечно, дури и оние кои не се родени потешки, а во првите месеци од животот "ставиле" повеќе килограми од просечно, се склони кон вишок килограми подоцна во животот.

(Извор: Доктори.мк)