|
Следејќи ја ситуацијата за Свинскиов грип А\H1N1 уште од самиот почеток, по екстремното претставување на грипот од страна на медиумите, па се до убедувањето на властите дека вакцините се безбедни , најдовме неколку не недоследности во целата сторија за грипот.
Сите разбравме за грипот од медиумите, многумина си претпоставуваа дека грипот е како птичјиот и дека ќе го има само меѓу животните, но излезе дека не е така, а тоа создаде поголема паника кај населението. Паднаа и првите жртви , но тие бројки се минимални во споредба со обичниот, сезонскиот грип ,а сепак СЗО (Светската Здравствена Организација) прогласи епидемија. Дали имаше потреба од ова ? Кој е планот на СЗО ? Дали навистина е закана за човештвото или е само уште еден проект на СЗО и Фармацефтската индустрија ? Грипот не беше активен повеќе од 3 месци ,а вакцината веќе се појави на пазарот. Лекот за грипот беше пронајден со “брзината на светлината“. Тимеросол е материја која во својот сотав има големи содржини на жива ,а истата предизвикува штета на мозочните клетки. Тука е и скваленот, материја која исто ја има во вакцината, а предизвикува оштетувања во имунолошкит ситем. Создава лажни аларми на истиот и тој се самоуништува на еден начин. Тамифлу таблетите го забрзуваат прележувањето на истиот за 1-2 дена, но носат и свои опасности. Свинскиот грип од појавата до сега има не повеќе од 6000 жрвтви , а се крена галама на светско ниво , потрошени се преку 20 000 000 000 долари за купување на вакцини. Нели е тоа малку голема бројка ?! Сепак иако е на светско ниво, 20 милијарди долари за вакцини ,со 6000 жртви ,а за обичниот грип со преку 40 000 жртви годишно се потрошуваат само по 600 милиони долари за вакцини.. ?!
Уште една недоследност е фактот што , германската влада ќе биде вакцинирана со “посебен“ вид вакцини кои не содржат додатоци кои создаваат реакција во имунолошкиот систем (adjuvants). Зарем луѓето од владата се поголеми граѓани од останатите ?! (не дека не беа и предходно...) Новинарка од Швајцарија во своето истражување пронашла неколку нелогичности во појавата на овој вирус. Команијата Бекстер од УСА , пред појавата на свинскиот грип испратила 72 килограми материјал за создавање вакцини за сезонскиот грип во Европа. Тоа всушност и не било вакцина за обичниот грип , туку било комбинација од вирус на обичниот грип и вирус на групата H5N1 или птичји грип. Ова било констатирано по инјектирање на оваа “вакцина“ на 4 животни во лабораторија во Чешка. Тестирањето кај животните резултирало со смрт кај истите. Од компанијата Бекстер ги отфрлаат обвинувањата и тврдат дека тоа не е вистина. Друга нелогичност е тоа што на 17 април по појавувањето на првите случаеви на свински грип, по само 10 дена на 27 април СЗО објавува пандемија од 5-то ниво, кое е пред последното 6-то ниво. Во УСА со само 20 регистирани случаеви , и 0 мртви на 11 јуни 2009 СЗО прогласува пандемија од 6-то ниво. Зарем е нормално да се прогласува пандемија за такви минимални бројки , бројки кои и до ден денес се далеку помали од бројките на смртност кај обичниот грип. Од СЗО велат дека тие во мај годинава ја смениле декларацијата за дефинирање на пандемија и според нив тие правилно постапиле. Голем број од државите нарачаа вакцини за целото население и ќе според одредба од СЗО ќе имаат облигација да им наложат на граѓаните да се вакцинираат задолжително. Доколку не се вакцинираме ќе треба да плаќаме казни според СЗО. Вакцина кој е недоволно испитана станува задолжителна ?! Компаниите кои ги произведуваат вакцините нема да сностат никаква одговорност доколку се појават контрадикции кај вакцинираните лица. Сквален, еден од аддитивите во оваа вакцина предизивкува 10 пати поголема реакција од нормално на имунолошкиот систем , но не по пат на антигени тела , туку по вештачки пат. Тој материјал го содржи во материјалите кои се користат за чисење од Антракс. Според истражувања можни контрадикции се парализа, оштетувања на нервниот ситем, неправилна работа на имунолошкиот ситем и ред други компликации. Голем дел од вакцинираните веќе се пожалале на овие симптоми. Зарем не е подобро да се прележи дома една седмица исто како обичниот грип , или да се вакцинираме па да стравуваме дека ќе добиеме нервен слом ?! Многу “прсти“ се вмешани во приказната со свинскиот грип, политички , економски, финанскиски... Со помош на медиумите , се успева да се убеди населението да се вакцинира иако тоа не е свесно за последиците од истата. Многумина , веќе го прележале свинскиот грип , мислеќи си дека е сезонскиот и си создале природна имунизација , но истата можат да ја загубат со вакцинацијата. Паниката кај населението е екстра профит за Фармацефтската индустрија и СЗО, а сето тоа е само добро изрежирана приказна од нив истите и самите медиуми. |
Анкета
Облачиња
За членови
|
|
|
|
| 14C | 31C | 26C |
| Сре | Чет | Пет |











