Кога пристигнувате на земјата, вие добивате тело и тоас танува дом на вашата душа, му укажувате гостопримство на вистинското ваше „Јас“ - надежи, мечти, мисли, очекувања, вера или се што го прави уникатно човечкото суштество. Наспроти тоа што ќе патувате заедно во текот на целиот свој живот вие и вашето тело секогаш ќе останете сосема различни по природа.

 

Вашето тело е спојка меѓу вас и околниот свет и истовремено ви служи за движење низ играта, наречена „живот“. Од него ќе добиете и првите животни лекции. Ако ја отворите потсвеста и ги прифатите скапоцените подароци - мудроста и сочуството, тие ќе ве водат по патот на духовното созревање. Бидејќи, за да продолжите напред неопходно ви е комлетно познавање, кое телото може да ви го даде.
Тоа ќе биде со вас во текот на целиот ваш животен пат.Независно дали го сакате или мразите, дали го прифаќате или отфрлате, тоа ви е единствено во овој живот и ќе бидете заедно - од првиот здив на воздухот до последното отчукување на срцето. Поврзаноста со него е најважната во животот, затоа што е првичниот лик зза сите заемни односи, кои допрва ќе ги градите. Не можете да го измените, зтоа едноставно претворете го од обично транспортно средство во одличен другар и сојузник.

Секој има различен однос кон своето тело. За некои тоа е идеален дом на духовната соодветност, додека , пак , други се чувствуваат затворени во тесна и неудобна клетка. Поврзаноста со него може да биде лесна , неприсилена и сосема задоволувачка, но може да донесе и дисхармонија. Многу луѓе би сакале нивното тело да биде поинакво - посилно, поздраво, повитко, поатрактивно или не толку тромаво. Кај некои чувството на отуѓеност е многу силно, чувстувајќи се како да го добиле по грешка. Што и да чувстувате вашето, тело си останува со вас и квалитетот на натрупаното животно искуство во голем степен зависи од поврзаноста со него.

Провокацијата на правилото број Еден е да постигнете хармонија со своето тело, за да може да ве служи подобро и да ве научи на прифаќање, самопочитување, почитување и задоволство од самиот себеси. Усвојувањето на овие основни принципи ќе го овенчаат со успех вашето оатешествие, наречено „живот“.

Коментари (0)
Напиши коментар
Your Contact Details:
Коментари:
:D:angry::angry-red::evil::idea::love::x:no-comments::ooo::pirate::?::(
:sleep::););)):0