sex_g_1.jpgСЕКС ????

Сексуален однос ( коитус ) - телесно соединување на сексуалните партнери заради задоволување на сексуалната желба.
Видови: вагинален ( вагина-пенис ), анален ( пенис-анален отвор,чмар) и орален ( уста-пенис, уста-вагина)

А што нè прави сексуално активни?

Желбата за секс - либидо - резултат на лачење на полови хормони во период на пубертет

Пубертет- период на психичко и полово созревање на личноста; кај девојчиња од 10-15год., кај момчиња од 12-17год.

Полови хормони - супстанци кои се лачат од машки и женски полови жлезди ( тестиси т.е јајници ) заради Што се разликуваат машки и женски полови карактеристики.

Полови ( сексуални ) карактеристики - телесни промени по кои се разликуваат машки и женски особи, а се резултет на половите хормони (женски: дојки, менструација, влакнатост под пазуви и на гениталии, женска конституција на тело; машки: задебелување на глас, влакна на гениталии, под пазуви, брада, мустаЌи, пораст на пенис и тестиси, атлетска градба на тело и сл. )

Полови органи - делови на телото; генетски предодредени машки или женски; внатрешни и надворешни.

СЕКС . . . а зошто ???

" Репродукција на видот - имање потомство ( деца )
" Добро здравје
" Хормонска рамнотежа
" Психичка смиреност
" Задоволство
" Израз на чувства меѓу партнерите
" Заради. . .


Да сексот ни е потребен!!!.

Но помислуваш ли дека и сексот може да има нескани последици????

Сепак. . .

што, како...

спи- сексуално преносливи инфекции - заразни заболувања кои се пренесуваат по сексуален пат. ( уште познати како сексуално преносливи инфекции т.е венерични болести )

Зошто...

Статистиките покажуваат дека младите кои се сексуално активни се најповеке изложени на ризик да добијат спи од било која друга возрасна група.

 

sex_g_2.jpg

Како се пренесуваат сексуално преносливи инфекции?

- Незаштитен сексуален однос со инфициран партнер;
- Директен контакт со инфицираното место;
- Од заразена бремена жена на плодот ( во тек на бременост, породувањеили доење);
- Крвен контакт: употреба на веке користени игли, шприцеви при инртавенско користење дрога, тетовирање, пирсинг и сл.

Може ли да се препознаат ?

Симптоми како:
" Необичен исцедок од пенис/вагина со непријатен мирис, густина, боја;
" Печење, болка, често мокрење;
" Болка при сексуален однос;
" Црвенило, исип, чешање околу гениталии;
" Нарушено менструално крварење

Треба да бидат причина за консултација со лекар ( матичен лекар, гинеколог, дерматовенеролог или уролог)

Многу спи честопати не даваат никакви симптоми - може да си инфициран и да ја пренесуваш инфекцијата на секс.партнер и без да знаеш!


Кои се последиците ако не се лекуваат?

- Намалена плодност до стерилитет ( неможност за создавање потомство )
- Отежната бременост , спонтани абортуси, мртвородено;
- Пренесување на инфекцијата на новороденото;
- Зголемен ризик за појава на рак на грло на матка;
- Смртен исход ( ХИВ/АИДС или некои сериозни спи )
 
ЗАТОА:

Ако планираш да започнеш сексуален живот или веќе си сексуално активен:
" Информирај се
" Запознај го сопственото тело и желби
" Запознај го партнерот
" Донеси САМ одлука дали да имаш секс и дали со тој партнер
" СЕКОГАШ користи кондом
" Научи правилно да користиш кондом
" Одржувај редовно хигиена на телото
" Редовно посетувај гениколог ( барем еднаш годишно )

А ако одговориш ДА на едно од следниве прашања:

1. Си имал ли секс без кондом ( или тој пукнал )?
2. Си имал ли повеќе сексуални партнери?
3. Често менуваш секс.партнери?
4. Си употребил ли веќе користена опрема за спремање и вбризгување дрога?
5. Си бил ли во контакт со туѓи секрети (крв, сперма, вагинален секрет)?

СОВЕТ: Оди на лекар и провери евентуална СПИ !!!

 

извор

Коментари (4)
  • Анонимен
    ima nekoj
Напиши коментар
Your Contact Details:
Коментари:
:D:angry::angry-red::evil::idea::love::x:no-comments::ooo::pirate::?::(
:sleep::););)):0