|
Дел од современиот начин на живеење – депресија
Депресијата се манифестира како голема промена на расположението.Може да чуствувате тага и безнадежност.Се јавуваат и незаинтересираност за работи кои вообичаено ги сакате, проблеми со јадењето,со концентрацијата и исполнувањето на секојдневните обврски.
Доколку ваквата состојба трае 2 недели или подолго, станува збор за депресија која треба да се лекува. Во спротивно, ако не побарате помош, депресијата може да трае многу подолго и да прерасне во посериозен облик.
Што ја предизвикува?
Точните причинители не се во целост утврдени, но според некои научници се работи за нарушување на рамнотежата на некои хемиски структури во мозокот.Не е исклучен и генетскиот фактор, затоа што во некои семејства се јавува и кај повеќе членови.
Постојат и ситуации кои честопати доведуваат до депресија:
• Загуба на блиска личност
• Болест
• Земање на лекови кои можат да предизвикаат промени во расположението
• Неодамнешен хирушки зафат или породување
• Прекумерна употреба на алкохол, наркотични средства.
Кои се симптомите?
Покрај чуството на тага, често плачење, внатрешна тензија, вознемиреност и раздразливост, кај посилните депресии можат да се појават и:
• Губење на сонот или многу често спиење
• Губење на апетитот и значително намалување на телесната тежина или пак прекумерно јадење и појава на гојазност
• Постојан умор
• Чуство на нервоза
• Намалено либидо
• Намалена самодоверба и чуство на вина
• Потешкотии во памтењето
• Суицидални мисли
Како се лекува?
Во третманот на депресија се користат психотерапија и/или медикаменти.
Советите од стручно лице можат да ви ја пружат соодветната подршка и да ви дадат поголемо чуство на контрола над своите емоции.
• Терапевтот ќе ви помогне да го согледате вашиот поглед на работите
• Ќе ви помогне да утврдите како и зошто имате негативни мисли и чувства
• Може да ви помогне да научите како да го смените начинот на размислување
Медикаментите вообичаено започнуваат да ја подобруваат состојбата по 3 до 6 недели од терапијата.
Никогаш не започнувајте со користење на антидепресиви без консултации со стручно лице!
Никогаш не ја прекинувајте започнатата терапија без да го известите вашиот лекар!
Колку време е потребно за да се чуствувате подобро?
Доколку побарате и добиете соодветна медицинска помош, состојбата се подобрува за неколку недели.Ако депресијата се повтори и по завршената терапија или чуствувате силни споредни ефекти од лековите итно јавете се на лекар.
Како да си помогнете?
• Пронајдете и занимавајте се ос активности кои прават да се чуствувате подобро
• Разговарајте со блиските и пријателите
• Побарајте помош кога ви е потребна
• Грижете се за себе
• Јадете здрава храна
• Избегнувајте алкохол
• Вежбајте најмалку 3 пати неделно
• Обидете се да спиете 6-8 часа во текот на ноќта
• Секојдневно одвојувајте време за релаксирање
• Ако чуствувате стрес, обидете се да дишете подлабоко
• Размислувајте за добри работи во животот
• Изнајдувајте подобри и поефикасни начини да се справувате со проблемите.
|