ekcem g.jpgАтописки дерматитис

Што е екцем?

Атопискито дерматитс е едно од најчестите кожни заболувања кај децата.Името атописки укажува дека болеста има наследен карактер, а околу 60% случаи е пропратено со други алергиски заболувања како што се алергија на храна, астма или алергиска кивавица.се јавува кај 10% од децата, а изгледот на промените на кожата варираат од зависност на возраста.

 

Кај новороденчињата често се јавува во пределот на образите.кај повозрасни најчесто се изразени во пределот на прегибите на лактот и колената, на дланките и табаните.кожата е сува,перутава, пропратено со јако чешање и често се инфицира.
Како резуктат на јакото чешање кожата се истенчува и личи на кора од дрво, добива темна нијанса така да изгледа како тој дел од кожата да не е измиен (,,знак на нечист врат,,)

Еден од клучните карактеристики на атопискиот дерматитис е сува кожа која е наследна. Се јавува како резултат на нарушена синтеза на масни киселини (линолна киселина) така да кај пациентите со екцем на кожата и недостасува горниот масен слој кој го спречува губењето на водата.Капењето уште повеќе ја суши кожата бидејќи го отстранува овој слој и допринесува до скоро потполно губење на водата од кожата.

Како да се однесувам кон детето со  атопински дерматитис?

Детето со екцем треба што е можно подолго да се дои (најмалку до 18 месеци во животот). Во исхраната на мајката која дои а подоцна и кај детето треба да се избегнуваат јајца, кикиритки (смоки со кикиритки), бадеми, лешници, ореви, риба, пченично брашно, домати, кравјо млеко, лимон и портокал.

Околината во која живеат децата со екцем треба да биде идеално чиста, да се отстрани куќниот прав, куќните дерматофити и другите  алергени од околината кои подоцна можат да испровоцираат појава на астма.

Слично важи и за неспецифичните иританси (димот од цигарите, печките со цврсто гориво и аерозагадувачите).
Многу е битно да се острани чешањето кое е едно од главните симптоми на заболувањето и кое е честа причина за влошување на промените на кожата.Со чешање кожата се оштетува и инфицира, детето станува нервозно и раздразливо.Ноктите на рацете и нозете треба редовно да се сечат, детето да носи памучна облека и да избегнува претерано потење бидејки чешањето во тој случај се зголемува.
Лекувањето се состои во премачкување на екцемот со креми  богати со масни компоненти со цел да се спречи сушење на кожата .
 

Коментари (0)
Напиши коментар
Your Contact Details:
Коментари:
:D:angry::angry-red::evil::idea::love::x:no-comments::ooo::pirate::?::(
:sleep::););)):0