|
Ризик од срцев удар?
Срцевиот удар е подеднакво застапен и кај мажите и кај жените. Во секој случај, има лица кои имаат поголема предиспозиција да добијат срцев удар поради присуство на таканаречените "ризични фактори." Ризичните фактори се однесувања или состојби кои ја зголемуваат веројатноста од коронарно срцево заболувасње. Некои од ризичните фактори се надвор од Ваша контрола, меѓутоа најголемиот дел од нив може да се модифицираат за да го намалат ризикот од прв или повторен срцев удар.
Фактори кои го зголемуваат ризикот од срцев удар се следните:
удар се следните:
Фактори на кои не можете да влијаете
• Латентно коронарно срцево заболување, вклучувајки претходен срцев удар, веке постоечка ангиопластија или бајпас или ангина
• Возраст-Кај мажи ризикот се зголемува по 45 година; кај жени по 55 година.
• Семејна историја на рано срцево заболување-татко или брат кај кој е дијагностицирано вакво заболување пред да наполнат 55 години; или кај мајка или сестра пред да наполнат 65 години.
Фактори на кои можете да влијаете
• Пушење.
• Висок крвен притисок.
• Висок процент на холестерол.
• Прекумерна тежина или склоност кон дебелеење.
• Физичка неактивност.
• Дијабетес.
Ризичните фактори на ги манифестираат ефектите на лесен начин. Подобро речено, ефектите се дуплираат. Затоа е многу важно да ги спречите или контролирате ризичните фактори. Доколку чувствувате еден или повеке од горенаведените фактори, обратете се на Вашиот здравствен работник, кој ќе ги преземе потребните мерки да го намали ризикот од појава на прв или повторен срцев удар.
|