|
Сексуално преносливите инфекции/болести (во минатото уште попознати како венерични болести) се главно инфекции се главно инфекции кои можат да се пренесат од заразено на здраво лице, најчесто при стапување во сексуален контакт (без разлика дали е тоа анален, вагинален, или орален). Невозможно е да се префати СПИ на две лица кои се сексуално активни, а притоа не се ноители на некоја ифнекција. Освен преку сексуален однос, СПИ може да се пренесат и преку заедничко користење на нестерелизирани игли (најчето се сретнува кај зависниците од дрога), кај новороденчињата се пренесува при пораѓај доколку трудницата е носител на некоја од овие инфекции, како и за време на доењето. СПИ се таков вид на инфекции, кои ги напаѓаат репродуктивниот и уралниот систем, а честопати се прошируваат и кон некои други органи и системи. Доколку не се откријаат навреме СПИ можат да допринесат за многубројни компликации кај личноста која е носител (стерелитет, а кај жените може да се сретне вонматерична бременост, како и спонтани абортуси). На најголем удар за пренесување на СПИ е младата популација, која рано стапува во сексуален однос, честопати ги менуаат сексуалните партнери, и практикуваат незаштитен сексуален однос. Честопати, СПИ инфекциите не се карактеризираат со некои посебни симптоми, па така заразеното лице можеби не знае дека е носител, а воедно и дека ги пренесува на други лица.

Најчести инфекции, карактеристики, симптоми Бројот на сексуално преносливи инфекции денес е прилично голем.. Како најпозната, а воедно и нај опасна инфекција денес е ХИВ/СИДА, честопати уште наречена и чума на 21 век. Од сексуално-преносливите инфекции, најпознати денес се оние кои и припаѓаат на подгрупата на вируси:
- генитален херпес - хуман папилома вирус - хепатитис Б - хепатитис Ц - ХИВ/СИДА Според статистиките, најраспространета СПИ инфекција е кламидијата (Chlamydia trachomatis). Поради тоа што оваа бактериско-сексуална пренослива инфекција не се карактеризира со никакви симптоми, многу лесно може да се пренесе на други лица, а воедно никој од нив за тоа да не биде свесен. Иако честопати овие инфекции поминуваат незабележително, постојат одредени симптоми кои можат да наведат на тоа дека лицето е заразено. Едни од најчетите симптоми: - необичен вагинален исцедок - исцедок од пенисот - плик или рана блиску до вагината, пенисот или анусот - чешање или воспаление околу вагината, пенисот или анусот - болка или чувство на печење/пецкање при уринирање - пречесто уринирање - болка при сексуален однос

Мерки на претпазливост и заштита Златно правило: Секогаш да се користи заштита при сексуален однос. Кондомот е совршено решение за тоа. Освен тоа што спречува од несакана бременост, презервативот е најсигурно (а и најдостапно) средство за заштита од скоро секоја СПИ. Да не се стапува во незаштитен сексуален контакт (од било каков вид) со непознати лица. Постојат вакцини за одредени СПИ кои се примаат пред впуштање на сексуални односи за максимална заштита.Редовна контрола на лицата кај гинеколог/уролог, најмалку два пати годишно. Како специјалисти во оваа област, тие најдобро ќе можат да одредат дали сте носител на некои од СПИ, и притоа навремено да се прими соодветна терапија,з а да се избегнат понатамошни компликации.
|