Столисник, Месечник  Achillea millefolium

Ајдучката трева спаѓа во редот на најпознатите и најдобрите лековити билки од нашето поднебје.Расте од 30 до 80 см а листовите од посветли подоцна стануваат темнозелени. Има бели или розовобели цветови собрани во цвет на врвот на билката. Плодовите се долгнавести, сребрено - сиви. Листовите и цветовите  имаат фин ароматичен мирис, вкусот е миризлив и помалку стега. Цвета од почетокот на пролетта па до крајот на летото. Расте насекаде, а се собираат цветовите и билката во должина од 30 см.


Состојки :

Ајдучката треба содржи ахилеин и етерично масло со азулен кое го содржи и камилицата. Има и смола, инулин, белковини, фитостерин, фосфати, нитрати...


Лековите дејство:

Благопријатно делува на разни заболувања на цревата и желудникот, воспаление на дебелото црево и гастритис. Овој чај ја зголемува активноста на цревните жлезди, ги отстранува појавите на вриење, затвор, пречки во работата на црниот дроб и жолчни грчеви. Поради значителната содржина на калиум добра е за уредна работа на бубрезите бидејќи без дразбра предизвикува зголемено мокрење. Сите овие поволни влијанија на пробаниот тракт го оживуваат повратно венозниот ток на крвта во срцето, го олеснуваат и поспешуваат крвотокот, со што повторно доаѓа до подобрување на работата на срцето. Редовното уживање на свежиот сок од ајдучка трева помага кај деформација на срцевниот мускул и кај стенокардијата.

Голема лековитост на свежиот сок мора секогаш да се зема во свежа состојба и не смее да се помине границата на вриење - се објаснува со содржиниата на хлорофилот, кој предизвикува поволно влијание кај органите за создавање крв, со што се зајакнува целиот организам и се јакне отпорноста кон другите болести. Сокот се добива во блендер -200 грама исецкан лист и цвет и 200 грама вода. со користење на ајдучка трева и прочистување на крвта, бргу се намалуваат тешкотиите при гихт и ревматизам, а поволно делува и во лекување на шеќерната болест, особено во почетен стадиум.

Кај белиот цвет ајдучката трева дава добри резултати, земана како чај, декокт или средство за испирање. Многу грижи и неблагодарности би исчезнале кога жените повеќе би го користеле овој природен лек. Декоктот е добар за испирање на рани, чиреви, кај испукани раце, разранети брадавици на доилки.

Предание за ајдучката трева...

Кога Ахил земајќи ја Троја паднал смртно болен погоден во пета со отровна стрела на убавиот Парис, божицата Афродита целата во солзи го посоветувала да ја употреби оваа билка за да ги ублажи болките. Зато и го добила името Ахилеа - Achillea , а како средство за лекување на рани од лажно оружје ја користеле и ајдуците по планините , па затоа народот ја нарекол ајдучка трева...

Коментари (2)
  • зоки  - bravo
    Само продолжи со страната резултатите сами че си дојдат чао
  • zoran
    Odlicno.Ke ve molam da mi ispratite sliki na maill.od gorski bosilek i zdravec
Напиши коментар
Your Contact Details:
Коментари:
:D:angry::angry-red::evil::idea::love::x:no-comments::ooo::pirate::?::(
:sleep::););)):0