Да замислиме дека човекот е резервоар со две чешми. Низ едната се полни енергија, а низ другата се празни. Што ќе се случи ако двете чешми се отворат во исто време? Се разбира, резервоарот ќе биде секогаш празен. Спротивно, што ќе се случи ако чешмата што служи за празнење остане затворена? Резервоарот постепено ќе се полни, и ќе почне да се прелева и тоа подеднакво на количината што во него влегува.
Затоа, не треба да ја расипуваме сопствената сила и треба да правиме едно движење таму каде е потребно само едно, а не 20 или 40, што се случува многу често. Никогаш да не претеруваме и да не ги преценуваме работите што треба да ги направиме. Ако постапиме на овој начин, нашиот резервоар секогаш ќе биде полн, а тоа што се прелева ќе биде и повеќе од задоволително за нашите потреби.

 

❖ He не прават годините стари, туку убедувањето дека сме стари. Има луѓе кои се млади и на 80 години, но има луѓе кои се стари и на 40 год

❖ Несебичниот човек не барајќи ќе го најде тоа што себичниот го бара но никогаш нема да го најде.

❖ Што повеќе добри работи правите за другите толку повеќе добрини ви се враќаат.

❖ Богат е оној што се смета себеси за богат, а сиромашен е оној што се смета себеси за сиромашен.

❖ Оној што поседува големо богагство, еден голем дел од тоа треба да го посвети на создавање добри дела.

❖ За две личности кои живеат заедно, попуштањата кои се сметаат за двострани секогаш доаѓаат од само една личност.

❖ Сакате ли никогаш да не ви биде досадно? Пронајдете си што повеќе различни интересни работи за правење. Кога ќе се уморите од едната работа завртете се кон другата.

❖ Влијанието на наследството најмногу постои затоа што си вообрзауваме т.е. умислуваме дека тоа со сигурност мора да се оствари.

❖ Ако навистина сакаме да ги решиме проблемите треба работите да ги сведеме на наједноставен начин, а не да ги комплицираме

❖ Да се воспитаме самите себеси, да научиме работите да ги кажуваме јасно, чисто едноставно и мирно, но решително. Да зборуваме малку но разбирливо и да зборуваме само кога е потребно.

 

Коментари (0)
Напиши коментар
Your Contact Details:
Коментари:
:D:angry::angry-red::evil::idea::love::x:no-comments::ooo::pirate::?::(
:sleep::););)):0