Самопочитувањето значи да се чувствуваме способни достојно да ги пресретнуваме животните предизвици. Неопходно е како воздухот што го вдишуваме и е исто толку недофатливо. Произлегува од нашата најдлабока суштина и се одразува во сите наши дејствија од најситните до најсериозните. Тоа е критериумот за нашето сопствено значење и најважниот конструктивен елемент во психата.

 


Бидејќи и самопочитувањето исто така е лекција, која треба да се научи, природно, ќе има и проверки, додека да сфатите и да поверувате во внатрешната вредност. Вашето тело ќе ви даде доволно можности да се усовршувате преку целиот свој живот.

За да ве научи на самопочитување, тоа ќе ја покаже подготвеноста да се почувствуватс позначајни, независно од вапште црти на лицето и фигурата.

Пр.1

Еден јавен говорник има преживеано две тешки несреќи во животот. Прво, сообраќајната несреќа со мотор му има предизвикано околу 90 проценти изгореници, а неколку години подоцна во авионска несреќа си го скрши 'рбетот и тоа го прикова во инвалидска количка за цел живот. По многу години напорна работа врз себеси, тој сфати дека, наспроти состојбата може да живее комплетен живот, ако го има вистинскиот однос. Намссто да сс самосожалува и да мисли само на тоа што не може да Прави, сега тој е сосредоточен врз нештата што може да ги прави. Неговата цел сега е да ги вдахновува слушателите со лекцијата: „Не е важно тоа што ни се случува, туку тоа што подоцна го правиме" Co посредство на личниот пример тој им демонстрира како сској ден ги пресретнува предизвиците на животот и заслужува да биде среќен независно од острите физички недостатоци.

Процесот на постигнувањето на самопочитувањето има три фази, Прво, треба да знаете што точно ви стои на патот. Дури откако ќе осознаете колку ве ограничува недостатокот на вера во себе, можете да продолжите понатаму. Вториот чекор е да го побарате во душата длабокото внатрешно поврзување со вистинското „Јас", a третиот е да преземете акција - без оглед дали си се допаѓате себеси или да ја остварите промената во задолжителната насока.


Пр.2

Една девојка по име Хелен, во текот на целиот свој живот беше неверојатно привлечна жена. Прекрасната платинесто руса коса во комбинација со бронзениот тен ги привлекуваше погледите каде и да се појавеше. Хелен одвојуваше премногу време за да го одржи тенот со сончање, бидејќи ја идентификуваше надворешноста токму со тој прекрасен колоритен контраст.
Кога се наближуваше кон педесеттата, откри дека страда од рак на кожата. Како последица од претрпената операција, на лицето и остана мал белег и и забранија да излегува на сонце. За Хелен белегот беше ништо во споредба со фактот дека не може да биде онаа бронзена убавица со која се идентификуваше. За да не изгледа премногу бледа без својот тен, се наложи потреба да ја врати и својата природна костенлива боја на косата. Додека се бореше да ја прифати загубата за тоа, што беше „нејзина забележлива марка" толку многу години, самодовербата и настрада многу, при што таа требаше да се ослободи I од досегашната претстава за себе.
И беше потребна речиси цела година, за да ја врати самодовербата. Сфати дека својата значајност ,iа покажувала исклучително преку надворешноста на „чоколадна" блондинка. По неколку месеци напорна работа таа ја созна поврзаноста со вистинското „Јас" и сфати дека токму тоа разбирање и дозволи повторно да се почувствува добро.
Сега, неколку години подоцна, белегот на Хелен одвај се забележува. Таа се врати кон природните дарови прекрасна костенлива коса и млечнобела кожа.

Понекогаш,кога ќе се погледне во огледалото, чуствува потреба да воспостави контакт со духовната суштина за да се потсети на својата вистинска вредност и да сфати дека единственото нејзино вистинко „Јас“ ќе биде со неа цел живот.Надворешните облици се менуваат и избледуваат, па затоа и се безнадежен извор на самопочитување.

Често пати си спомнувате дека самопочитта е речиси пресудна. Ке ја поседувате, ќе ја губите, ќе ја култивирате, ќе ја одгледувате и ќе има потреба да ја воспоставувате повторно и повторно. Тоа не е нешто кое се присвојува и погребува, туку е процес на барање и култивирање, кој се развива во текот на целиот свој живот.

Кој е изворот на вашето чувство за вредност? Откријте ја патеката кон тој извор, затоа што многукратно ќе имате потреба да црпите од него. Дури тогаш, кога ќе бидете во состојба лесно да го наоѓате патот кон срцевината на вистинското „Јас", тогаш ќе можете да бидете сигурни дека сте ја научиле оваа лекција.

Коментари (0)
Напиши коментар
Your Contact Details:
Коментари:
:D:angry::angry-red::evil::idea::love::x:no-comments::ooo::pirate::?::(
:sleep::););)):0