|
Медот му е познат на човештвото веќе 2500 години, насекаде низ светот. Бројните здравствени придобивки од медот го претворија во важен дел на традиционалната медицина. И научниците ги истражуваат лековитите својства на медот во современата медицина, посебно при заздравување на раните. Скоро и да нема регион во светот каде медот не е конзумиран и ценет.
Се прашувате што го прави медот толку популарен? Тоа е лесниот начин на кој тој може да биде конзумиран. Може да го јадете сиров, да го намачкате на лепче како мармалад, да го комбинирате со чај, млеко или било кој друг пијалок наместо шеќер, или да го помешате со млака вода, сок од лимон, цимет и други тревки за изработка на природни лекови. Од сите е почитуван поради лековитите својства, но и одличниот вкус.

Лековитите својства на медот вклучуваат:
• Засладувач – Шеќерот може да биде заменет од медот во многу храни и пијалоци. Содржи 69% гликоза и фруктоза што му дозволува да биде користен како засладувач. • Енергетски извор – Медот е често користен како енергерски извор, затоа што содржи околу 64 калории во супена лажица. Во една кафена лажица има приближно 50 калории. Понатаму, шеќерите во медот лесно се претвораат во гликоза, дури и кај луѓето со нарушувања во варењето. Затоа, многу е лесно да се свари медот. • Губење на тежина – Иако во медот има повеќе калории отколку во шеќерот, кога медот се конзумира со млака вода, помага во разложување на масните наслаги. Слично на тоа, мед и лимон или мед и цимет помагаат во намалување на тежината. • Подобрување на атлетските можности – Неодамнешна студија потврди дека медот е одлична нутритивна помош и помага во изведбите на атлетите. Помага за одржување на постојано ниво на шеќер во крвта, закрепнување на мускулите и обновување на резервите на гликоген после тренингот. • Извор на витамини и минерали – Медот содржи голем број витамини и минерали. Количината и видот на витамините и минералите зависи од видот на медот, т.е. цвеќињата од кои тој е добиен. • Антибактериско и антигабично дејство – Медот има антибактериски и антигабични дејства, па затоа може да се користи како природен антисептик. • Антиоксидант – Медот содржи хранлици состојки кои се ефикасни во отстранување на слободните радикали од телото. Како резултат на тоа, ни се подобрува имунитетот. • Нега на кожата со мед и млеко – Медот и млекото често се комбинирани заедно, затоа што и двете состојки помагаат во добивање помека кожа. Затоа, секојдневното конзумирање мед и млеко наутро е честа практика во многу земји.
• Заздравување на раните - За да се испитаат овие својства на медот, изведени се обемни истражувања. Добиените резултати покажуваат дека медот има антибактериски својства и помага во намалувањето на мирисот од раните. Го забрзува процесот на заздравување со стимулирање на ткивата, а помага и кај заздравување на неактивните рани. Ја намалува и влажноста на раните.
|