|
Машки комплекси
Што и да работат, слуги или господари, мажите секогаш сакаат повеќе. Заедничко истражување од повеќе светски универзитети правено кај мажите на различна возраст и различен социјален статус, покажало дека современите мачо типови се плашат од неуспех во креветот но и од беспарица и болести.
Мал пенис
Стравот на мажите дека величината на пенисот им е главно мериол на машкоста, потполно е неоправдан. Стручњаците тврдат дека мал пенис е микопенис оној со должина до два сантиметри, кога не е во ерекција. Останатите големини се нормални. Овој податок го објавила и Светската здравствена федерација. Но кој ќе ги разубеди мачо типовите? Големината на машкиот полов орган нема пресудна улога во сексот. Во последно време се почесто стручњаците ха клиниките за пластична хирургија прават комплицирани операции за продолжување на пенисот.
Импотенција Стравот од фијаско во постела е појак од стравот да не се успее во работата. Импотенцијата е опасна за машката самодоверба, која може да се сруши како кула од карти. Бројни се причините за неуспешен секс. Проблемот како што велат психолозите , не е нерешлив, но делува на машката психа.

Општествен статус
Меѓу комплексите на мажите општествениот статус се изборил за висока позиција. Што и да работат, слуги или господари мажите секогаш сакаат повеќе.Најизраза желба на средниот сталеж е материјално и статусно да се издигне. Да се биде успешен член во друштвото, во соништата за нив значи сопственост на златна кредитна картичка. Сакаат да се во друштво на пријателки фотомодели или пеачки, да имаат вила со градина и базен. Како доказ за напредокот е и замена на двособен стан за трособен, “сто еден“ за некој шевролет или матиз :)
Пари
Симболот на машкоста за жал се парите. Што повеќе пари имаат, толку се попожелни и помажевни. Карактер, достоинство, интелект, изглед, сила се во сена се материјалните добра !? Дали жените се виновни за тоа ? Се помалку се оние кои имаат разбирање за совршен ум и малку пари. Наспроти нив се дамите на кои богатите никогаш не им се груби , глупави, здодевни и ниски. ВО светот на изменетите вредности, до некаде е оправдан стравот на мажите дека не заработуваат доволно. Се поголем е бројот на бракови во кои жените заработуваат повеќе од мажите. Ваквиот статус ги обезвреднува сите мажи кои не можат да ја поднесат инфериорната материјална положба.
Ќелавост Целулит, женскиот естетски проблем број еден е во ранг со стравот од ќелавоста. Во клиниките за пресадување на коса, се подолги редовите на мажите. Во заборав паднале многу славни личности на кои главен адут им била ќелавоста.
Здравје
Верувале или не, мажите и кога ќе почуствуваат главоболка, стрес или умор, се плашат да отида на лекар ! Стравот од можноста дека лекарот може да им соопшти дека боледуваат од најлошата болест, иако станува збор за настинка, многуте мажи ги одбива на ординацијата. Познати е дека мажите дешко поднесуваат болка, и обична настинка за нив е како да се на смртна постела.
Средни години
П 40-от роденден, многу мажи ги обзема депресија и нерасположение без причина. Стручњаците овој феномен го нарекуваат криза на средните години. Тие години, обично на жените им се во полн сјај и собирање на успехот, ја оствариле кариерата, се омажиле, израѓале деца и ги подготвиле за самостоен живот. Мажите, напротив, сметаат дека постигнатот не е еквивалент на вложениот напор. Грижата нема покритие. Сведување на сметките нема цел, бидејќи животот не застанал и нуди нови можности. Сламка на спасот за нарушената самодоверба обично ја бараат во млад и нова партнерка.
Емоции
Мажот не е вистински ако заплаче или ако му е тешко. Ни на солзите радосници им нема место на неговото лице. Тој треба да е цврст, стабилен и да одолее на се, дури и на болката, без гримаси. Во спротивно ќе биде слаб, млитав, жена... Плачењето е недостојна особна за мажите !
Висина
Нискиот раст - висината била мотивација за многуте мажи и била стимуланс за големи подвизи и достигнувања. Ниски по височина биле Цезар, Наполеон, Александар Македонски, француските кралеви од династијата Луј.. Меѓутоа, сепак недоволна висина е еден од најчестите машки комплекси.
|