Телото е вашето превозно средство во животот. Додека сте тука живејте во него. Сакај те го, почитувајте  го,чувајте го ценете го, однсувајте се добро кон него, за да ве служи правилно!

Да го почитувате телото значи високо да го цените и чувате; да се грижите за него како за нешто што е многу вредно и незаменливо. Од животна важност е да се научите на тоа.

 

Ако го почитувате телото, вие сте партнери. Се вселувате во вашиот физички дом и можете да користите се што ви нуди тоа. Почитувањето носи реципрочна енергија. Вашето тело ќе ве почитува, кога и вие го почитувате него. Кон него однесувајте се како кон структура достојна за почит и тоа ќе ви возврати со истото.Но, кога го заобиколувате или запоставувате, ќе ве повредува на најразновидни начини, додека не ја научите лекцијата на почитувањето.

Познавам еден маж кој се вика Гордон, кој на своето тело гледа како на божји храм. Освен што се одржува во идеална форма со редовно спортување, тој достојно се грижи и за исклучителното здравје.Консумира само здрава храна, ниту помислува да излезе слабо облечен на студено време, воопшто се однесува кон своето тело како кон непроценливо сокровиште. Како резултат на таа љубов што му ја дава, тоа никогаш не го изневерува. Секогаш е во одлична физичка кондиција и може да смета на телото како на верен другар, без оглед што и да се бара од него.

Се разбира, секое тело е различно. За некои ќе биде тешко да му придаваат толкаво внимание на своето тело како Гордон. Кон секое тело има индивидуален пристап. Ваша задача е да ги откриете специфичните потреби на своето тело. Нема универзална диета, како што нема ниту апсолутно ист режим за сон и вежби, валидни за секого.Вистинското значење доаѓа кога ќе научите што точно му е потребно на вашето тело, за да функционира оптимално и кога ќе одлучите да ги задоволите тие потреби.

Другата крајност во тој однос беше Тревис - дваесет и двегодишен дијабетичар, кој откажуваше сериозно да погледне на својата болест. Тој богат убавец обожаваше да живее на брза нога. Си дозволуваше премногу мартини со вотка, водеше исцрпувачки ноќен живот, јадеше месо и премногу слатки работи, а на крајот почна да употребува и кокаин. Наспроти предупредувањата од лекарите, тој одбиваше да го измени неправилниот начин на живот, категорично не прифаќаше дека боелста ги прави потребите на неговото тело сосема поинакви од оние на неговите пријатели.Тоа самоуништување продолжи со месеци, придружувано од острото напредување на болеста, додека еден ден Тревис
едноставно не се урна. Неговиот пријател го пронајде во бањата, при што со тоа му го спаси животот. Тревис ја научи лекцијата за болеста, и така престана да откажува и да ги занемарува индивидуалните потреби на своето тело, а како резултат на тоа почна да ги почитува и да се сообразува со нив.Случајот со Тревис илустрира дека да научиш да го почитуваш своето тело е вистински предизвик во светот,
полн со толку изобилство и искушенија. Многу полесно е да седиш до масата и да си угодуваш, отколку да ги почитуваш границите на физичките можности. Колку пати би направиле компромис со здравјето, задоволувајќи се со пикантната храна, која ја сакате, но не ви годи, пред да научите да ги почитувате можностите на телото?

Се надевам, за ваше сопствено добро, да нема многу компромиси.Однесувајте се кон телото со внимание и почитување и тоа ќе ви врати со иста мера. Вслушувајте се во неговата мудрост; прашајте и тоа ќе ви каже што му треба, слушнете го и задоволете ги неговите потреби.

Коментари (0)
Напиши коментар
Your Contact Details:
Коментари:
:D:angry::angry-red::evil::idea::love::x:no-comments::ooo::pirate::?::(
:sleep::););)):0