“Да се радуваш дека живееш, не е грев“

Задоволството е физичкиот израз на радоста. Вашето тело ве учи да се насладувате со сите пет сетила. Co тоа што се прспуштате на спонтаниот инстинкт или физичкото чувство и ја ослободувате во вас затворената радост, вие во потсвеста создавате простор за насладата.
Вашето тело може да биде еден од основните извори на задоволство, ако целосно ги отворите вашите сетила и го почувствувате физичкото чудо на животот. Задоволството може да дојде под форма на глетка, на пример, волшебен залез или вкус, кога ја консумирате омилената храна, како величенствена музика или како нежен допир на саканиот човек. Единствената тајна во усвојувањето на лекцијата за задоволството е да и одделиме време и место во животот.

Дали сте склони да си приредувате задоволства? Многу луѓе имаат невидлив ограничувач за количината на радоста, што си го дозволуваат да го искусат. Тие се толку преокупирани со животот, што за нив насладата се претворила во луксуз, за кој немаат време. Нештата како што е водењето љубов или забавувањето остануваат во заден план во нивното напрегнато секојдневие.Но, во животот едноставно нема да ви оди добро, ако се откажувате од радостите. Вистиниска е старата мудрост дека од многу работа без задоволство се заглупавува. Ако одвреме-навреме не ги размрдувате сетилата, вашиот живот ќе стане тесен и безбоен. Задоволството ја подмачкува машината на животот. Без него таа не може правилно да функционира и се расипува.


Eдна личност по име Бил ќе ни биде одличен пример слушнете ја неговата приказна.

Тој очајно имаше потреба да научи како да си приредува задоволства. Бил беше успешен финансов експерт во голема банка. Имаше жена, три деца, хипотека, повозрасна мајка, два автомобила и многу сметки за плаќање. Обично сериозен, Бил едноставно стануваше нељубезен и при
самата помисла на многуте задачи за завршување и тоа како да управува со напрегнатиот живот. Како што и самиот велеше „едноставно немам повеќе време за губење за забави".

Но, животот на Бил не одеше. Длабокото чувство на незадоволност постојано го следеше и тој не знаеше како да се ослободи од него. Се вклучи во групата, за да сфати како да се извлече од канџите на сивилото и едноличноста, во кои потонал. Пред нас тој се исповеда дека сите овие години на напорна работа не си дозволил дури ниту една минута да му се препушти на некакво задоволство. Се присети како во деновите
по смртта на татко му, неговиот стрико му кажал дека отсега тој е мажот во семејството. Bo тој момент Бил од безгрижно единасетгодишно момче, се претвара во предвремено созреан маж.

При еден вообичаен ден, Бил доаѓајќи си дома по работа, одеднаш се исправи, ја разлабави
вратоврската и почна да потскокнува низ собата. Во почетокот бавно ,а потоа се побрзо и побрзо , додека на крајот изгледаше како во магла протрчува. Кога најпосле застана, одвај земаше воздух, но се насмевнуваше, видливо егзалтиран од ослободувањето на радоста, досега затворена во мозочните клетки.

Што претставува за вас задоволството?

Дозволувајте си го, меѓутоа почесто, затоа што тоа носи светлина во вашето срце и прави чуда во душата.

Коментари (0)
Напиши коментар
Your Contact Details:
Коментари:
:D:angry::angry-red::evil::idea::love::x:no-comments::ooo::pirate::?::(
:sleep::););)):0