|
Запишани сте во целодневно неофицијално училиште, наречено “ЖИВОТ“. Секој ден ќе имате можност да ги применувате лекциите во тоа училиште, при што може да ви се допаднат , но може и да ги замразите или да ви се сторат неумесни и глупави, но тие се дел од вашата учебна програма.
Зошто сме тука ? Каква е нашата намера ? Од век и веков човештвото се стреми да ја открие смилсата на животот. Во текот на тоа бескрајно барање и ние и нашите предходници го пропуштаме фактот дека контретен одговор нема.Секој е носител на своја индивидуална животна смисла.
Секое човечко суштество има своја сопствена судбина и следи одредена програма, апсолутно уникатна и незаваисна. Додека одите по својот пат, ќе научите безброј лекции, кои треба да ги прифатите, пред да ја стигнете својата цел.

Лекциите, кои ќе ви се понудат, се строго специфични и се клучот кон откривањето и исполнувањето на сопственото животно определување.
Ако веќе сте се справиле со лекциите за своето тело, значи дека сте подготвени за еден повисок учител - Вселената. Секоја околност во животот е лекција. Кога чувствувате болка, добивате лекција. Кога се радувате, тоа веќе е друга лекција. Секое дејство или случка си има своја длабока смисла. Нема начин да се оттргнете од лекциите или да избегате од училиште.
Додека патувате низ животот, ќе се судирате со предизвици, кои другите нема да ги пресретнат така, како што и тие ги пресретнуваат своите предизвици, со кои пак, вие нема да имате потреба да се боритс. Нема да знаете зошто токму вие сте благословен со среќен брак, додека вашите пријатели страдаат од остри недоразбирање и болни разводи, како и зошто имате финансиски проблеми, додека луѓето околу n;ic се насладуваат во изобилство. Единственото, во кое можеби сте сигурни е дека ќе ги добиете апсолутпо сите лекции кои ви се неопходни. Само од вас записИ дали ќе ги научите.
Предизвикот на Правилото број Два е да следите само сопствениот пат, при што ќе ги усвoјувате личните лекции. Тој е еден од најтешко надмиливите животни предизвици, затоа што животот ќе ве води во неочекувани и често пати дијаметрално спротивставени насоки од другите луѓе. He поистоветувајте го својот пат со тој на другите и не задлабочувајте се да ги мерите вашите лекции со нивните, кои во повеќето случаи се апсолутно поинакви.Запомнете дека ќе се судрите само со лекции, кои можете да ги научите и кои се од суштинско значење конкретно за вашето усовршување.
Ако можете да му се спротивставите на тој предизвик, значи можете да ја разоткриете мистериајта на својата цел и да го исполните. Ќе престанете да се претставуате како жртва на судбината или на нечија омраза и животот нема повеќе “едноставно така да поминува“. Ако упорно ја следите вистинската предодреденост, ќе ги откриете прекрасните подароци во себе, за кои и не сте претпоставувале дека ги поседувате. Тоа ќе биде многу тежок пат, но наградата целосно ја заслужува тепката битка.
Додека се борите да се откриете и пронајдете себеси, ќе ги научите важните лекции за искреноста, изборот, справедливоста и неприсиленоста. Прифатете ги како помошни средства во барањето на вашаата индивидуална предодреденост.
|